Новите антикризни мерки пред Владата

November 28, 2023
1 min read

реклама


Новиот пакет со антикризни мерки, наменети за најранливите категории граѓани, се очекува да биде усвоен денеска на седница на Владата. 

Со мерките, како што најави вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе бидат опфатени над 400 000 граѓани, –  пензионери,  ученици, студенти, самохрани родители. 

реклама

-Средствата од солидарниот данок ќе бидат искористени за антикризни мерки што очекуваме утре да бидат на седница на Владата и се насочени најранливите категории граѓани, тука спаѓа најголемата група граѓани, пензионерите, кои ќе добијат одреден надомест неколку месеци,  како и ученици, студенти, самохрани родители, итн…Буквално, најранливите категории. Опфатот ќе биде навистина голем, над 400 илјади граѓани ќе бидат опфатени со мерките, за тоа се користат средствата од солидарниот данок,  рече вчера Битиќи, на новинарско прашање. 

Претходно, премиерот Ковачевски соопшти дека до крајот на годинава во Буџетот се предвидени 75 милиони евра за антикризни мерки, а за идната година дополнителни 55 милиони евра пред се за продолжување на субвенционирањето на цената на електрична енергија. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелскиот министер Галант тврди дека по хуманитарната пауза нападите на Појасот Газа ќе бидат уште пожестоки

Следно

Израел одобри ослободување на 50 Палестинки доколку Хамас ослободи уште заробеници

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop