Израелскиот министер Галант тврди дека по хуманитарната пауза нападите на Појасот Газа ќе бидат уште пожестоки

November 28, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ (КУДС) – Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, изјави дека по завршувањето на хуманитарната пауза нападите врз Појасот Газа ќе бидат „уште пожестоки“, пренесува Анадолу.

Израелскиот весник „Хаарец“ објави дека министерот Галант ги посетил војниците во делот на Појасот Газа заземен од израелската војска.

Галант ги откри плановите што се планирани по хуманитарната пауза.

„Нападите ќе бидат уште пожестоки и ќе бидат изведени во целиот Појас Газа“, рече Галант.

Тој им порача на израелските војници дека зад нив стојат безбедносните структури и Владата.

„Нема да запреме додека нашата работа не биде завршена“, рече израелскиот министер за одбрана.

Министерството за надворешни работи на Катар вчера објави дека хуманитарната пауза е продолжена уште два дена.

Четиридневната хуманитарна пауза меѓу Хамас и Израел стапи на сила во петокот, на 24 ноември, во 07:00 часот по локално време.

Според договорот, ќе бидат ослободени 150 Палестинци од израелските затвори во замена за ослободување на 50 израелски заробеници што ги држи Хамас.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш се убиени повеќе од 15.000 Палестинци, од кои 6.150 деца и над 4.000 жени, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ивор Мицковски: Два милиони евра за драперии и светилките од чаршија

Следно

Новите антикризни мерки пред Владата

Latest from Blog

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е
Go toTop