Новиот јужнокорејски претседател Ли Џе Мјунг и Трамп во Вашингтон ќе разговараат за економската соработка, инвестициите и безбедноста

August 12, 2025
1 min read

Претседателите на Јужна Кореја и САД, Ли Џе Мјунг и Доналд Трамп, ќе се сретнат во Вашингтон на 25 август за да разговараат за зајакнување на економската и безбедносната соработка, објави денеска канцеларијата на шефот на јужнокорејската држава.

Ли Џе Мјунг беше избран за претседател на предвремените избори во јуни, а како приоритет го наведе позиционирањето на оваа извозно ориентирана земја во глобалното трговско опкружување, кое драматично се менува поради царинските политики на Трамп.

-Врз основа на договорот постигнат минатиот месец, двајцата лидери ќе се обидат да отидат чекор понатаму преку партнерство во производствениот сектор, вклучувајќи полупроводници, батерии и бродоградбата, изјави портпаролот на претседателскиот кабинет, Канг Ју-џунг.

Освен економската соработка, тема на дискусија ќе биде „развојот на сеопфатна безбедносна соработка, фокусирана на иднината“, истакна портпаролот.

Трамп кон крајот на јули објави дека двете земји постигнале трговски договор според кој јужнокорејските производи ќе бидат оданочени со царини од 15 проценти, со што ќе се намалат првично планираните царини за еден од водечките трговски партнери на Америка. Трамп рече дека Сеул ќе презентира инвестиции во вкупен износ од 350 милијарди долари што тој „лично ќе ги избере“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Чудната клаузула во договорот на Ињиго Мартинез

Следно

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Latest from Blog

Димитриевски го повика Филипче на ТВ дуел: Да ги соочиме аргументите за сите прашања јавно

Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, Максим Димитриевски го повика претседателот на СДСМ Венко Филипче на дуел, каде ќе ги соочат аргументите за сите прашања јавно, наместо да се занимаваат

Српски историчар до Путин: Што мислите за обидот за ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ВО СРБИЈА?

Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор во Сочи на 22-от годишен форум на Меѓународниот дебатен клуб Валдај. По говорот, тој одговори на прашања од новинарите. Српскиот историчар Александар Раковиќ го праша Путин

Алисон паузира шест недели

Повредата на голманот на Ливерпул Алисон, со која што се здоби на дуелот од Лигата на Шампионите против Галатасарај во Истанбул воопшто не е наивна. Напротив, чуварот на мрежата и официјално ќе

Ѓорѓиевски најавува прва подземна сообраќајница во Скопје под хотелот Лимак

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 зборуваше за плановите за подземната сообраќајница под хотелот Лимак. Тој истакна дека
Go toTop