Нови шокантни информации: Братот на убиецот на Данка не починал од срцев удар, туку од НАСИЛНА смрт

1 min read

Далибор Драгијевиќ (40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Данка, починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е по вештачење на Институтот за судска медицина во Белград, објави српскиот портал Нова.рс –  Радар.

Според тој портал, судско-медицинскиот извештај констатирал бројни повреди на неговото тело, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодот е проследен до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување.

За потсетување, осомничениот на 6 април бил задржан 48 часа во полициската станица во Бор, поради сомнение дека му помагал на својот брат, кој е осомничен за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ.

Истата вечер полицијата соопшти дека тој починал од „природна смрт“. Во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои обид за реанимација, во 03:10 часот починал Д.Д.

Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажало дека тој не починал од природна смрт, туку од последици од тепање, чии траги биле јасно видливи и детално опишани во вештачењето, објави српскиот портал.

Извор: kurir.mk

Претходно

Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’

Следно

Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони

Latest from Blog