Нови пристапни патеки во Скопје Север и паркинг места во Бутел 2

1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека се завршени пристапни патеки во населено место Скопје Север и нови паркинг места на улица „Алпи“ во Бутел 2.

– Завршени се вкупно 17 пристапни патеки до станбените згради и кулите со павер елементи во Скопје Север. На барање на жителите од улица Алпи решивме голем проблем и обезбедивме нови паркинг места со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на жителите од оваа улица, информира Костовски.

Општина Бутел и понатаму работи на подобрување на функционалноста и организирање на паркинг просторот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Гутереш: Исчезнува напредокот за правата на жените

Следно

ЕУ усвои пакет санкции против сторителите на сексуално и родово базирано насилство

Latest from Blog