Норвешка протерува 15 руски разузнавачи

April 13, 2023
1 min read

ОСЛО (АА) – Власта на Норвешка издаде наредба дека 15 руски разузнавачи мораат да ја напуштат оваа нордиска земја, јавува Анадолу.

„Петнаесет разузнавачки службеници учествуваа во активностите кои не се во согласност со нивниот дипломатски статус“, рече министерката за надворешни работи на Норвешка, Аникен Хајтфелд.

Таа изјави дека одлуката за нивното протерување од Норвешка е своевиден одговор на измената на безбедносната ситуација во Европа, која е доведена до зголемена разузнавачка закана од Русија.

„Ова е важен чекор во противставување и намалување на разни активности на руската разузнавачка служба, а со тоа и заштита на нашите национални интереси“, порача таа.

Хајтфелд истакна дека Норвешка тежнее кон нормални дипломатски односи со Русија и дека руските дипломати се добредојдени во Норвешка.

„Сакаме Русија и во иднина да има функционална дипломатска мисија во Норвешка, но нема да дозволиме дипломатските мисии да се злоупотребуваат со цел спроведување на тајни разузнавачки активности“, додаде Хајтфелд.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Рамномерен регионален развој во офсајд

Следно

Ден за еко-едукација во скопската гимназија „Кочо Рацин“

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop