Норвешка, Ирска и Шпанија ќе ја признаат независноста на Палестина

May 22, 2024
1 min read

Една по една, европските земји почнаа да ја признаваат Палестина како како независна држава…И покрај противењето на израел, првиот чекор го направи норвешка, од каде потврдија дека на 28-ми мај, ќе го признаат постоењето на палестина како самостојна држава…За норвешката влада, војната во Газа јасно покажала дека мир и стабилност на блискиот исток, единствено може да се постигне ако се реши палестинското прашање…

„Ние веруваме дека решението со две држави е во најдобар интерес на Израел..Целта е да се создаде палестинска држава која е политички кохезивна и која произлегува од палестинската самоуправа.“ – изјави изјава Јонас Гар Сторе премиер на Норвешка.

Потврда дека ќе ја признаат Палестина стигна и од Ирска и Шпанија. Одлуката официјално ќе биде потврдена следната недела.

„Следниот вторник, на 28 мај, Шпанија ќе го усвои признавањето на палестинската држава во Советот на министри.“ – изјави Педро Санчез премиер на Шпанија.

И Русија се приклучи на земјите кои ја признаа независноста на Палестина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија како правен наследник на Советскиот сојуз ја признава државата Палестина. 

Од Хамас велат дека зад оваа одлука стои отпорот кој палестинскиот народ го пружал во изминативе години и очекуваат промена кај меѓународната заердница во однос на палестинското прашање. Од палестинското министерство за надворешни работи со порака, после долго време, правдата конечно стигна.

„Признавањата на Шпанија, Норвешка и Ирска се во согласност со меѓународното право и со сите релевантни резолуции на Обединетите нации, што пак позитивно ќе придонесе за сите меѓународни напори насочени кон ставање крај на илегалната окупација на Израел и постигнување мир и стабилност во регионот.“ – велат од Министерството за надворешни работи на Палестина.

Штом беше објавена одлуката за признавање на Палестина, Израел веднаш ги повлече амбасадорите од Норвешка, Шпанија и Ирска. На трите држави им порачаа дека нема да се повлечат пред оние оние кои го поткопуваат суверенитетот на државата и ја загрозуваат нејзината безбедност.

„Денешната одлука испраќа порака до Палестинците и светот: тероризмот се исплаќа..Откако терористичката организација Хамас го изврши најголемиот масакр на Евреите од Холокаустот, по извршените грозоморни сексуални злосторства на кои сведочеше светот, овие земји избраа да ги наградат Хамас и Иран со признавање на палестинска држава.“ – изјави Израел Кац министер за надворешни работи на Израел.

За Израел, одлуката за признавање на Палестина преставуваат награда за тероризмот кој го извршил Хамас и предупредуваат дека со ова, само ќе се отежнат преговорите кои треба да стават крај на војната во Газа.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турската групација Пекер Холдинг отвори фабрика за земјоделски роботи во Словенија

Следно

Врсничко насилство, како да се препознае и превенира, каде затајува општеството

Latest from Blog

Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет

Денеска на 74-тата владина седница разгледана и усвоена е информација за потреба за основање Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Како што велат од Владата,

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да го преземе Министерството за здравство – во игра Клековски и Андоновска?

Арбен Таравари официјално ја напушти владината коалиција, со што неговиот мандат како министер за здравство наскоро ќе заврши. Веќе се појавуваат шпекулации за тоа кој ќе го наследи на оваа позиција. Иако

ДЗР: Од 34 општини, гуп-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител

Од 34 дури 22 oпштини не го исполнуваат препорачаниот стандард за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител. Ова го покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема

Генералниот секретар на НАТО, Руте: Турција е цврст и способен сојузник

ИСТАНБУЛ (АА) — Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу. „Разговаравме и
Go toTop