Нормализацијата на односите со Ерменија во фокус на разговорот меѓу Алиев и Лавров

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Нормализацијата на односите меѓу Азербејџан и Ерменија беше во фокусот на разговорот помеѓу азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во главниот град Баку, пренесува Анадолу.

„Русија, како наш пријател, сојузник и сосед, има посебна улога во помагањето во регулирање на меѓудржавните односи меѓу Азербејџан и Ерменија“, рекол Алиев за време на состанокот, соопшти азербејџанското Претседателство.

„Минатата година, беа направени значителни напори во оваа насока, а документите што ја дефинираат концептуалната природа на идниот мировен договор ја поставија основата што може да се искористи за негово постигнување.“

Алиев рече дека и понатаму се надева дека „2023 година ќе биде година на напредок во нормализацијата на односите меѓу Азербејџан и Ерменија“, заблагодарувајќи се на Русија за нејзиното „активно вклучување“.

„Ние сме решени да направиме позитивна и конструктивна работа заедно со ерменската страна и… Русија брзо да ја сврти страницата на ова непријателство и да го врати мирот во Јужен Кавказ“, додаде тој.

Осврнувајќи се на напорите за нормализација, Лавров ја истакна важноста на регионалната безбедност и стабилност.

Тој рече дека многу светски актери „вклучувајќи ги и оние кои се наоѓаат далеку од овој регион, покажуваат голем интерес за создавање услови за напредок во нормализацијата на односите меѓу Азербејџан и Ерменија“.

„Како што рускиот претседател Владимир Путин постојано велеше – ги поздравуваме сите напори насочени кон стабилизирање на ситуацијата и создавање услови за сите земји лоцирани во овој регион да имаат можност да соработуваат во интерес на нивните земји и народи врз основа на взаемна почит и взаемна корист“, рече Лавров.

– Билатералните односи „целосно се развиваат“ –

Алиев го поздрави „динамичниот“ напредок во билатералните односи меѓу Азербејџан и Русија.

„Нашите односи целосно се развиваат, критичните прашања се решаваат и добро ја започнавме оваа година“, рече тој.

Тој истакна дека сè уште има одредени области каде соработката „сè уште не е толку активна“.

„Затоа се надеваме на сериозни меѓусебни чекори на полето на традиционалната интеракција – политичкиот дијалог, енергетикара, транспортот, трговијата, хуманитарната соработка и сојузот, кои треба да ги доведеме на ниво на интеракција“, рече Алиев.

Лавров истакна дека практичната соработка меѓу Баку и Москва се развива „ефикасно и опширно во сите правци“.

„Прометот на стоки, показател за нашата економска соработка, исто така достигнува рекордни нивоа, а тоа не е граница“, рече рускиот министер.

Тој истакна дека Алиев и Путин разговарале за „неколку мега-проекти кои ќе бидат не само билатерални, туку и регионални, па дури и глобални по суштина“.

„Вие и многу наши партнери сте заинтересирани за овие проекти. Ова покажува колку ветувачка е интеракцијата со учество на Русија и Азербејџан како лидери на овој регион“, рече Лавров.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Турски МИТ во Ирак фати терорист на ПКК/КЏК одговорен за 12 терористички напади

Следно

По разурнувачкиот земјотрес од Турција во Сирија се вратиле 40.000 бегалци

Latest from Blog