Николовски на форум во Брисел: Македонија останува фокусирана на Европа

December 3, 2025
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски учествуваше во Брисел на годинешниот настан организиран од влијателниот тинк-тенк „Friends of Europe“, кој годинава е посветен на темата за проширувањето на Европската унија.

Николовски имаше повеќе плодни средби и разговори со претставници на институции, експерти и европски чинители, фокусирани на унапредување на позициите и интересите на Македонија во процесот на интеграција.

Како што истакна, земјата продолжува активно да работи на приближување кон европските стандарди и на зацврстување на партнерствата со државите-членки и европските организации.

 

Настанот на „Friends of Europe“ е еден од повлијателните форуми во Брисел кога станува збор за политиките на проширување, каде Македонија и годинава доби можност да ги претстави своите реформски приоритети и стратешки цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Поддршка за лицата со попреченост – Меџити на отворањето на „INKLUDIVERSA“

Latest from Blog

Поддршка за лицата со попреченост – Меџити на отворањето на „INKLUDIVERSA“

По повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше на инаугурацијата на организацијата „INKLUDIVERSA“. Иницијативата има за цел создавање повеќе пристапни и поддржувачки простори

Креаторката на првата ВИ-актерка одговори на критиките од Холивуд: Нема да ви ја украдат работата

Продуциското ВИ-студио „Партикл-6“ предизвика бура во Холивуд преставувајќи ја „Тили“. Основачот на студиото, глумицата и комичарка Ван дер Велден даде изјава за „Скај њуз“ дека овој дигитален лик е измислен да функционира

Нов светски рекорд „ЗИМСКОТО ЈАЈЦЕ“ НА ФАБЕРЖЕ ПРОДАДЕНО ЗА 30,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Кристалното јајце на Фаберже, украсено со дијаманти, кое некогаш ѝ припаѓало на руската царска фамилија, е продадено за рекордни 22,9 милиони фунти (30,2 милиони долари) во Лондон. „Зимското јајце“ – кое се

ВИДЕО: Победничкото ѕвонче се огласи на Детска клиника, малиот Лир ја освои тешката битка

Нова радосна вест од Клиника за детски болести. -Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак ЛИР храбро ја помина и ја освои тешката битка. На ЛИР му
Go toTop