Николоски во Будимпешта ги презентираше капиталните инфраструктурни проекти пред министрите за транспорт на земјите од ЕУ

September 21, 2024
1 min read

Капиталните инфраструктурни проекти што се реализираат во државава, а кои се од клучно значење за поврзување со земјите од Западен Балкан ги истакнал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на министерскиот состанок на министрите за транспорт на Европската Унија. Состанокот на министри во Будимпешта е организиран од Унгарија во рамки на нејзиното претседателство со Европската Унија.

Како што информира Министерството за транспорт, Николски изразил задоволство што два дена заедно со министрите за транспорт од ЕУ разговараале на многу важни теми од оваа област.

– Презентирав што прави македонската Влада во овие два и половина месеци. Прво, во однос на авиолиниите дека имаме нова политика на субвенционирање што очекувам следната година да донесе нови дестинации кон Скопскиот и Охридскиот аеродром, но исто така и над 20 отсто повеќе патници, повеќе туристи во Македонија, а за македонските граѓани повеќе можности да патуваат надвор од државата, истакнал Николоски.

Во однос на железницата, како што се наведува во соопштението, приоритет број еден за државата е изградбата на брзата пруга Скопје-Солун со 200 километри на час, која целосно треба да ја промени економијата и да ја поврзе државата со главните пристаништа, а на север со Централна Европа.

– Интензивно работиме и на изградба на железничкиот Коридор 8, каде првата секција од пругата кон Бугарија е скоро готова, втората секција се работи во моментов, а на третата секција имаме технички предизвици, кои се надевам дека ќе ги решиме во следниот период, како и предизвици во однос на проектирањето, а и секако сите други пречки кои што ги спомнав во периодот што беше пред нас. Но, се надевам дека ќе најдеме и заеднички јазик со цел да немаме пруга која што завршува во тунел кој не води никаде, потенцирал Николоски.

Во однос на изградбата на автопатиштата, Николоски посочил дека до крајот на годината ќе биде завршен експресниот пат Куманово – Крива Паланка, како и експресниот пат Прилеп – Градско.

– Интензивно работиме на Охрид – Кичево и во наредниот период многу ќе се работи на Кичево – Букојчани, на Букојчани – Гостивар, на Гостивар – Тетово, како и на Прилеп – Битола. Ова е една одлична можност да се разменат мислења, но исто така да се поканат потенцијални донори и инвеститори да дојдат во Македонија, да донираат и да инвестираат со цел побрзо да ги изградиме проектите што се пред нас, порачал Николоски во Будимпешта.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Специјална акција на грчката полиција во ромска населба во Атина, уапсени 12 лица

Следно

Операта со политички и романтичен заплет „Набуко“, вечерва на сцената на НОБ

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop