Николоски: Мицкоски ќе го предводи Републичкиот изборен штаб за следните избори

December 5, 2023
1 min read

реклама


 Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб за следните избори којшто ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негов заменик ќе биде генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски, информира потпретседател на партијата Александар Николоски.

Николовски, во изјава за медиуми пред седиштето на партијата, рече дека воедно е отпочната и подготовката за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, чиј избор традиционално ќе биде направен на Изборна конвенција која што ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.  

реклама

-И за избор на претседател и за парламентарните избори очекуваме голема историска победа после која ќе се случат промените во Македонија и ќе се стави крај на оваа корупција, како и тонење на економијата. Победата ќе биде силна и убедлива затоа што Македонија заслужува промени и состојбата никогаш не била потешка и подраматична за нашата држава, изјави Николоски.   

Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по лидерската средба на која што беа утврдени датумите за споени претседателски и парламентарни избори – 24 април и 8 мај.  

реклама

Николоски, на почетокот, посочи дека седницата започнала со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од монструозното убиство кое се случи во Скопје.

реклама

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дали Организиран криминал ќе го преземе случајот со Палчо и неговата група?!

Следно

Транснационалени вмрежувачки настан посветен на можностите на програмата „Креативна Европа“-потпрограма Култура

Latest from Blog

Израел го проширува военото присуство во јужниот дел на Сирија со 10 бази, жителите се раселени

ДАМАСК/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија последните три месеци воспостави шест нови бази во јужните сириски провинции Кунејтра и Дараа, дополнително проширувајќи го своето воено присуство прекршувајќи го Договорот за раздвојување од 1974

Земјотрес во Валандово, се почувствувал и во Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес

Фондацијата „Заедно за едно“ им пружи прва помош на најпогодените од кочанскиот пожар

Првата транша на финансиска и медицинска поддршка за жртвите од катастрофалниот пожар што ја потресе Кочани на 16 март веќе е распределена. Фондацијата „Заедно за едно“, формирана од Македонската банкарска асоцијација, им

Мицкоски: Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за извоз во САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар.  – Разговарано е со

Работата на отворен простор во Грција е забранета од пладне до 17 часот поради високите температури

АТИНА (АА) – Во Грција е забрането принудување на работниците да работат на отворен простор од 12:00 до 17:00 часот во региони каде што преовладуваат високи температури, известува Анадолу. Грчкото Министерство за
Go toTop