Најмалку 20 луѓе починаа од невремето што ги зафати јужните американски низини и планините Озарк. Во четири држави уништени се стотици згради, а синоптичарите предупредуваат на влошување на времето.
Речиси 300. 000 Американци во седум држави се без струја од вчера поради торнада и разорни грмотевици.
– Во торнадото сме, неможам да направам ништо…покри ја главата.. нема сигнал неможам да побарам помош.
– Невремето беле лудо, се беше многу гласно.
Семејство од седум члена преку ноќ остана без својот дом, откако невремето ја сруши нивната куќа. Јоланда Васкез раскажува како држејки ја вратата затворена, силната бура поминала низ нејзиниот дом.
– Се, се тресеше…Чуствував дека ќе умрам, помислив дека тоа е мојот последен ден како сум жива.
Семејството Спинкс од Оклахома, торнадото го преживеале криејки се во својот подрум.
– Удри толку силно во таа соба.
– Се чувсвувам многу лошо за нив, но ќе се продолжи понатаму ќе мора се да се среди од почеток.
Официјални лица соопштија дека 100 државни автопатишта и патишта биле оштетени во невремето. Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, рано утринава прогласи вонредна состојба. Разорните бури ја погодиле речиси целата држава.
– Ги познавам луѓето овде, ова слика е многу тажна.
Силен град го погоди Тексас, а снимките покажуваат како топки мраз паѓаат од небото со молскавична брзина. Во исто време, метеоролозите најавуваат дека екстремно високи температури ќе го погодат Тексас, каде се очекуваат температури и до 49 Целзиусови степени. Во меѓувреме, САД се подготвуваат за она што владините прогнозери го нарекоа потенцијално „исклучителна“ сезона на урагани во Атлантикот што започнува на 1 јуни.
Извор: 24vesti.mk