Невреме и поплави во Атина

January 26, 2023
1 min read

Силниот и обилен дожд денеска предизвикал проблеми и поплави во Атина, а од бројот 112 за итни случаи до жителите била испратена порака да ги ограничат нивните движења, објавија грчките медиуми.

Повеќе централни булевари биле поплавени и според „Катимерини“ во прекин бил сообраќајот, додека пак противпожарната служба примила десетици повици за помош и интервенции, а во одредени населби имало проблеми и со снабдувањето со електрична енергија.

Според грчката државна телевизија „ЕРТ“, во едно основно училиште и во градинка во Атина поплавени биле училниците што се наоѓаат на приземје, по што потребно било да се евакуираат децата и да бидат префрлени на повисоките катови.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Демократските сили на Ромите до Османи: Постојано укажуваме на дискриминирање на Ромската заедница по сите основи

Следно

Свирепо убиство: Се сретнале во ГТЦ, по што заминале во напуштен објект каде 20 пати го прободел со нож

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop