Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски за првата средба со Литванија сигурно нема да може да смета на најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ.
Оваа информација ја потврди плејмејкерот на Олимпија Милано, кој изјави дека поради обврски со клубот во Евролигата нема да може да ѝ помогне на соиграчите во националниот тим. Додека неговиот настап во Литванија сè уште е под знак прашалник.
„Нема да го играм првиот натпревар на 21 ноември). Истиот ден играме со Макаби во Евролигата, па нема да бидам достапен за натпреварот во Скопје. Се надевам дека ќе играм во Литванија (три дена подоцна). Се надевам дека ќе бидеме конкурентни, таа победа би била важна за нас. Би сакал да се пласираме на Евробаскетот“, рече Нено.
Извор: kurir.mk