Нема дожд и повторно пожари на отворено во Скопско

September 23, 2024
1 min read

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало неколку пожари на отворено на територијата на државата.

– Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) од 13:10 часот до 16:00 часот со пет пожарникари и две противпожарни возила интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки на површина од 1,000 метари квадратени кај местото „Три Круши“ во општина Кисела Вода, од 14:30 до 15:00 часот со три пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалено ѓубре на мала површина покрај ул. „Скупи“ во општина Карпош, од 15:55 до 16:40 часот со четири пожарникари и едно противпожарно возило возило интервенирале на запалено стрниште и бандера на површина од 30 метари квадратени кај село Стајковци во општина Гази Баба и од 17:05 до 17:30 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 300 метари квадратени во населбата „Шуто Оризари“ во општина Шуто Оризари, соопшти утрово ЦУК.

Изминатото деноноќие имало вкупно 1 582 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

Од нив „реални“ повици биле 55,82 отсто, а 44,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопшти Центарот за управување со кризи.

Кон Полицијата биле упатени 62,35 отсто, кон Итната медицинска помош 29,15 отсто, a кон пожарникарите 6,88 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Центарот за управување со кризи апелира за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив, како и во речните корита.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изминатото деноноќие неколку пожари на отворено во скопско

Следно

НА ЛУЃЕТО ДЕНЕС НАЈМНОГУ ИМ Е ТРЕБА ЗНАЕЊЕ, ВЕЛИ УМЕТНИЧКОТО ДУО ДАН И ЛИА ПЕРЖОВСКИ ПРЕД ИЗЛОЖБАТА ВО МСУ СКОПЈЕ

Latest from Blog

Температури над 40 во Македонија – ИЈЗ со препораки за граѓаните

Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“. Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години музичка кариера на Влатко Стефановски

Во Македонскиот културен центар во Загреб утре со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, посветена на 50-годишната музичка кариера на Влатко Стефановски. Изложбата претставува избор од

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот
Go toTop