Молдавската полиција денес објави дека беспилотно летало, најверојатно борбен дрон, експлодирал на периферијата на селото Лопатна, во округот Орхеј, во ноќта меѓу 7 и 8 јуни, и потврди дека нема повредени.
„Властите продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите околности на овој инцидент“, се вели во полициското соопштение, според порталот DIGI24.ro.
Полицијата добила пријава околу полноќ од жител на селото Лопатна за летачки објект што се урнал и паднал недалеку од центарот на селото.
Извор: vecer.mk

