Не можеш против стадото, макар тоа било и научничко

1 min read

Кон крајот на ланскиот август, климатски научник Патрик Браун, заедно со седум коавтори, објавија студија во списанието Nature за поврзаноста помеѓу шумските пожари во Калифорнија и глобалното затоплување.

Нивниот труд ги задоволувал високите критериуми на престижното списание: нурнале длабоко во мерењата на животната средина; се користело машинско учење и се евалуирале сложени климатски споредби; се заклучило дека климатските промени ги прават шумските пожари поекстремни.

Само што на тој труд, како што јавно порача доктор Браун само еден месец подоцна – не може да му се верува.

Тој за Фри Прес призна дека го поставил истражување не само да ја одразува вистината, туку и за да се вклопи во климатскиот алармизам каков што претпочитаат ваквите престижни списанија.

Тоа е направено со намерно фокусирање само на климата како фактор за шумските пожари, а не на безброј други причини кои придонесуваат пожарите да голтаат сè повеќе територија во сојузната американска држава.

Не дека тој нешто криел или дека истражувањето било погрешно. Само што трудот намерно бил фокусиран во една тесна насока – онаа насока која има најголеми шанси да го привлече вниманието на уредниците на научното списание. А тоа е наративот дека влијанијата од климатските промени се темелни и катастрофални.

Речиси веднаш, оние кои се скептични кон реалноста на климатските промени почнаа да го наведуваат есејот како „доказ“ дека глобалното затоплување е измама, извршена од интелектуала со  „разбудена“ агенда.

Но, и од другата страна имаше реакции: уредниците во Nature рекоа дека е многу неодговорен а застапниците за климата го обвинија дека неговиот неетички потег ќе повлече нов бран климатско негирање.

Браун вели дека приватно, многу колеги му изразиле поддршка. И онака тој никогаш не ја доведувал во прашање реалноста на самите климатски промени или нивната важност, само посочил на нешто во кое научната заедница не ги исполнува своите научни идеали, туку верува во усвоените наративи.

А науката се сомнева, не верува.

 

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Силното невреме нанесе големи штети во тетовско и скопско, нестабилно време се очекува до петок

Следно

Струмица и Работнички официјално ќе не претставуваат во ЛШ

Latest from Blog