Не ги напуштаат домовите полни со спомени: Животот на жителите на Газа во уништените куќи

November 29, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – МУХАМЕД МАЏИД –

Палестинците во Појасот Газа не ги напуштаат своите домови уништени од израелските напади, јавува Анадолу.

Палестинците кои успеаја да ги преживеат неколкунеделните жестоки бомбардирања од страна на израелската војска, не ги напуштаат урнатините од своите домови исполнети со спомени на нивните семејства и деца.

Според податоците на Владата во Газа, во нападите извршени од израелската војска од 7 октомври до 24 ноември, убиени се над 15.000 Палестинци, главно жени и деца, 50.000 куќи се целосно уништени или оштетени, а делумно се уништени или оштетени 250.000 станбени единици.

„Живеам во мојата уништена куќа бидејќи во неа се спомените за мене и моите деца. Нашите спомени и соништа се тука, во уништената куќа“, рече Палестинецот Јасин ал-Кара, кој живее во селото Хузаа во Хан Јунис, на југот на Појасот Газа.

Палестинец и неговите седум деца живеат во уништената куќа.

„Не можев да најдам место за засолниште освен урнатините од мојата куќа. Во училиштата се појавуваат зарази и болести, нема основни услови за живот“, раскажува Ал-Кара.

Тој истакна дека десетици илјади Палестинци во Газа останале без покрив над главата поради израелските напади.

„Засолништата не се погодни за луѓе. Нема вода, како да живееме на студено? Децата ми се постојано болни. Се надеваме дека судирите целосно ќе престанат и дека овој кошмар на војната ќе заврши“, рече Ал-Кара.

Палестинката Ум Ајман ал-Кара, исто така изјави дека нивните основни животни потреби не се задоволуваат во училиштата кои се поврзани со Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA).

Според неа, тие од почетокот на „хуманитарната пауза“ живеат во урнатините на нивните уништени куќи.

„Ќе останеме во нашата уништена куќа и покрај големиот студ. Се надевам дека војната ќе заврши. Решени сме да останеме во урнатините на нашата куќа“, порача Ум Ајман.

Палестинецот Ибрахим ал-Наџар, кој живее во источниот дел на Хан Јунус, рече дека кога започнала „потрагата по луѓето“ на 24 ноември, тие се вратиле во својата куќа и ја нашле разрушена.

Наведе дека чека судирите во Газа целосно да престанат за да може повторно да ја изгради својата уништена куќа.

Наџар го повика целиот свет „да застане покрај Газа за трајно да се стави крај на судирите“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

На Јовески му истекува мандатот идниот месец: Почнува постапката за избор на нов државен јавен обвинител

Следно

Пазарен инспектор од Струмица осомничен за примање поткуп

Latest from Blog

На повидок формирање на работна група за независно обезбедување на Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот неделен брифинг информираше дека во тек е формирање на работна група за независно обезбедување на Собранието.  „Во тек е формирање на работна група за независно

Апокалиптични слики од поплавите во Тексас

Апокалиптични и траорни снимки пристигнуваат од Тексас, САД каде реката Гвадалупе го надмина речното корито, а водата на реката достигна ниво поголемо за 8 метри носејќи куќи, автомобили и животи. Според последните

М-НАВ и официјално стартува со вработувањата за кои Синдикатот тврдеше дека се спорни

АД за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ, компанија во државна сопственост, соопшти дека презема низа чекори за кадровско засилување, модернизација на опремата и имплементација на нови технологии, во насока на целосна реорганизација

Ѓоковиќ во четвртфинале на Вимблдон

Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ (Србија) со победата од 3:1 во сетови над Алекс Де Минор од Австралија се избори за 16-то четвртфинале на Вимблдон. Тој во денешното осминафинале направи пресврт
Go toTop