НАТО и Украина ќе разговараат по нападот со новата руска ракета

November 26, 2024
1 min read

Амбасадорите на Украина и 32-те членки на НАТО денеска во Брисел ќе имаат состанок по руското истрелување минатата недела на експериментална хиперсонична ракета со среден дострел.

Русија во четвртокот изврши напад врз украинскиот град Днепар за кој претседателот Владимир Путин рече дека е тест на нивната нова ракета „Орешник“.Путин рече дека ракетниот напад е одговор на тоа што Украина испука оружје доставено од САД и Велика Британија во Русија.

Состанокот „дава можност да се разговара за актуелната безбедносна ситуација во Украина и ќе вклучи брифинзи од украинските власти преку видео врска“, изјави претставник на НАТО.

Ескалацијата на тензиите околу Украина доаѓа кога се поставуваат прашања за иднината на поддршката на Западот по реизборот на Доналд Трамп во главната сила на НАТО, САД.  Трамп фрли сомнеж во одржувањето на огромната воена помош на Вашингтон за Киев и вети брз договор за ставање крај на војната.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пет месеци по неговиот избор: Претседателката Силјановска-Давкова ќе го прими Филипче во Вила Водно

Следно

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ: Тоалетни води „Викторија сикрет“, чанти „Луј Витон“, цигари, мигранти… цариниците со полни раце работа (ФОТО)

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop