Народниот фронт за ослободување на Тиграј повеќе не е терористичка група во Етиопија

March 22, 2023
1 min read

Парламентот на Етиопија денеска го отстрани Народниот фронт за ослободување на Тиграј (ТПЛФ) од листата на терористички групи во земјата.

Етиопскиот државен радиодифузен сервис EBC објави дека мнозинството од 547 пратеници во Етиопија гласале за отстранување од листата, само 61 биле против, а петмина биле воздржани.

Етиопската влада и ТПЛФ потпишаа мировен договор во Јужна Африка во ноември 2022 година, со кој ставија крај на двегодишната граѓанска војна и блокадата на северниот етиопски регион Тиграј.

ОН проценуваат дека само во Тиграј половина милион луѓе ги загубиле животите за време на конфликтот.

ТПЛФ беше ставен на листата на терористички групи на источноафриканската земја во мај 2021 година по избувнувањето на конфликтот, заедно со друга бунтовничка група, Ослободителната војска на Оромо. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Новата велосипедска патека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ претворена во паркинг

Следно

Мицкоски на средба со кинескиот амбасадор: Негирањето на идентитетот и самобитноста на украинскиот народ од руска страна, наликува на бугарското негирање на посебноста и самобитноста на македонскиот јазик

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop