Напредок во експропријацијата за Коридор 8: Повеќе од 50% од парцелите успешно завршени

October 29, 2024
1 min read

Има напредок во експропријацијата за Коридор 8.

Заменик министерот за Транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири денеска преку соопштение истакна дека овој коридор е многу важен инфраструктурен проект.

„Напредокот во процесот на експропријации на парцели за изградба на “Коридор 8” бил интензивен и многу значаен. За овој голем проект потребна е експропријација на 4032 парцели, а ние со гордост ви кажуваме дека до денес сме успеале да експроприерираме 2432 од нив, што е над 50%. Овој резултат јасно ја покажува посветеноста и ангажманот на целиот тим и напредувањето со брзо темпо кон реализацијата на овој важен коридор за Северна Македонија“, вели Зеколи Шаќири.

Според неа, пронајден е процес на експропријации во многу ниска фаза, со само 3% завршени.

„Меѓутоа, добро организираната работа направи да во период од еден месец достигнеме над 50% од експропријациите. Без сомнение, ова е успех на сите страни вклучени во овој процес. Нашиот фокус е исклучителен за да достигнеме до финализирање на експропријацијата на сите парцели. Благодарност до зам. Директорот, Назим Таипи и другите колеги од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за коректноста и соработката што ја покажале до сега во овој процес. Со ваков посветен тим, работата била клучна за постигнување на овој голем напредок. Ова нè мотивира за идните фази. Со овој напредок покажуваме дека кога посветеноста и соработката се присутни, големите цели стануваат реалност“, вели Зеколи Шаќири.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дипломата за англиски јазик на Христовски на тапет пред Јавното обвинителство

Следно

Најнова прогноза од УХМР- еве какво ќе биде времето до понеделник

Latest from Blog

Тошковски за дојавите за бомби во училиштата: Испратени се од привремени емаил адреси кои се бришат еден час по испраќањето

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека дојавите за бомби, упатени кон училишта низ земјата минатиот петок, биле испратени од привремени емаил адреси кои се бришат само еден час по испраќањето

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во близина на Санторини – најсилен досега во неколкудневната серија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите

Ѓорѓиевски во 24 анализа: Мојата амбиција е да се кандидирам за градоначалник на Град Скопје, но одлуката ќе биде според анкетите

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во 24 анализа рече дека неговите амбиции се да се кандидира за градоначалник на Град Скопје но како што кажа, одлуката

Тошковски: За пет дена, констатирани се 2 592 прекршоци – секој втор возач сторил прекршок

За пет дена, од 5 444 исконтролирани возачи во Скопје, констатирани се 2 592 прекршоци, што значи дека речиси секој втор кој што бил запрен, сторил некаков прекршок, информира министерот за внатрешни

Земјотрес од 5,3 степени го погоди Санторини

Земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 14 километри југо-југозападно од Аркесини, Аморгос, и со фокусна длабочина од 17 километри. Силен земјотрес од 5,3 Рихтер кај
Go toTop