„Нападот на Иран врз Израел претставува голема ескалација на тензичната ситуација“, истакна Борел

April 24, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Иранскиот напад врз Израел претставува голема ескалација на и онака многу напнатата ситуација во регионот, изјави денес високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеп Борел, јавува Анадолу.

„Иранскиот напад врз Израел беше без преседан, никогаш досега не се случил. Тоа е прв пат Иран директно да го нападне Израел од своја територија со стотици беспилотни летала и проектили“, изјави Борел пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур.

Тој додаде дека Либан „уште еднаш е вклучен во исклучително нестабилна ситуација“.

Борел ја истакна важноста на дипломатијата за решавање на прашањата на Блискиот Исток.

„Санкциите сами по себе не можат да го одвратат Иран. Самите санкции не можат да го решат ризикот од ескалација и на дипломатијата мора да ѝ се даде простор“, рече Борел, додавајќи дека се потребни максимални дипломатски напори за да се смири ситуацијата и побара од сите да ја одиграат својата улога.

Тој се осврна и на ситуацијата во Газа, која „останува во епицентарот на регионалните тензии“.

„Мирот, од наша гледна точка, може да се постигне само преку политички процес кој води до решение со две држави“, рече Борел.

Иран на 13 април започна воздушен напад врз Израел како одмазда за претходниот воздушен напад врз иранскиот дипломатски комплекс во сирискиот главен град Дамаск. Тој, наводно, истрелал повеќе од 300 ракети и беспилотни летала, од кои речиси сите биле пресретнати од системите за воздушна одбрана на Израел и неговите сојузници – САД, Франција и Велика Британија.

Израел води смртоносна воена офанзива против Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври. Досега израелската Армија уби повеќе од 34.180 Палестинци, а повреди над 77.000.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бајрами: Изборниот ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности

Следно

Мирен изборен ден, пријавени неколку нерегуларности

Latest from Blog

Сончево и многу топло, температурите над 40 степени – не излегувајте од 11 до 17 часот!

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски
Go toTop