„Нападите во странство мора да прекинат“ – МАКЕДОНИЈА СО 22 ДРЖАВИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО ИРАН

June 11, 2026
1 min read

Македонија се приклучи на група од 22 држави кои упатија заедничка и остра порака до Иран, барајќи итен прекин на нападите врз поединци и организации на нивна територија.

Во заедничката изјава објавена на 10 јуни, земјите потписнички ги обвинија иранските разузнавачки служби дека користат меѓународни криминални групи за извршување атентати, киднапирања и активности за заплашување во повеќе земји.

Според документот, ваквите активности биле насочени кон поединци и групи во Европа, Северна Америка и во Австралија. Потписниците оценуваат дека таквите дејствија претставуваат закана за националниот суверенитет и за меѓународните норми.

„Овие акции мора веднаш да престанат“

„Односот помеѓу иранските безбедносни служби и меѓународните и локалните криминални групи е долгогодишен. Нивното користење на овие групи е за жалење“, се наведува во заедничката изјава.

Во документот се осудува и неодамнешниот бран напади во Европа насочени кон еврејски заедници, ирански новинари и интереси на САД. Потписниците наведуваат дека одговорност за дел од тие акции презела групата „Харакат Ашаб ал-Јамин ал-Исламија“, за која тврдат дека дејствува преку посредници поддржани од Иран.

„Обидите за убиство, киднапирање, вознемирување, заплашување или какви било други напади врз луѓе на наша почва го поткопуваат националниот суверенитет и меѓународните норми. Овие акции мора веднаш да престанат“, се додава во соопштението.

Австралија ги прекина односите со Иран

Дополнителна тежина на спорот му даде одлуката на Австралија целосно да ги прекине дипломатските односи со Иран. Канбера го протера иранскиот амбасадор и ја затвори својата амбасада во Техеран.

Австралиските власти ваквиот потег го поврзаа со обвинувањата дека иранските власти директно координирале напади врз синагога во Мелбурн и врз кошер-кафуле во Сиднеј.

Потписница на изјавата се Албанија, Австралија, Белгија, Велика Британија, Бугарија, Канада, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Финска, Германија, Ирска, Латвија, Литванија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Шведска и САД.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Топлината е тивок убиец кој однесе 200.000 животи во Европа – континентот се загрева најбрзо во светот

Следно

Омерагиќ: ТВ Арена Спорт Македонија е силен поттик за македонскиот фудбал

Latest from Blog

Берзански раст: Индексот МБИ10 достигна 9.750 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.06.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.750,60 поени. Во однос

Уживање за фудбалските гурмани: Комплетниот распоред со сатници на натпреварите од групната фаза!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ И дефинитивно нема спиење за фановите на најважната споредна работа во светот, или поточно без она “споредна“. Со оглед на тоа дека ова СП 2026, кое почнува вечерва, се игра во

Омерагиќ: ТВ Арена Спорт Македонија е силен поттик за македонскиот фудбал

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, го честита отворањето на ТВ Арена Спорт Македонија, оценувајќи дека станува збор за значаен проект кој претставува важен чекор напред за спортската медиумска сцена

Топлината е тивок убиец кој однесе 200.000 животи во Европа – континентот се загрева најбрзо во светот

Светската здравствена организација (СЗО) денес предупреди дека Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремна топлина како што климатската криза се забрзува. СЗО додаде дека континентот се затоплува побрзо од
Go toTop