Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 4 703 216 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 14.4 %.
Откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е намален за 19.5 %, а продажбата на земјоделски
производи од сопствено производство e намалена за 8.2 %.
Од вкупната вредност на откуп и продажба на земјоделски производи по групи, забелeжано е намалување на вредноста кај
млечните производи, а зголемување кај рибата, лозарството и кај полјоделските производи.
Извор: 24vesti.mk