Најмалку седум загинати во пад на автобус во река во Санкт Петербург

May 11, 2024
1 min read

Најмалку седум луѓе загинаа кога патнички автобус падна од мост во реката Мојка којашто тече низ руската северна метропола Санкт Петербург, соопшти вечерта во петокот градското биро на рускиот Истражен комитет.

Во петокот рано попладнето по локално време, возачот на автобусот не успеал да го контролира вртењето од улицата кон мостот во Санкт Петербург. Возилото ја пробило заштитната ограда и паднало во реката. Според сознанијата, во автобусот во моментот на несреќата имало околу 20 лица.

Од објавените снимки се забележува дека автобусот се движи неконтролирано и кривулесто и удира едно возило пред да ја пробие оградата и да се стрмоглаво од мостот и речиси целосно да потоне во реката. Властите објавија дека е приведен 44-годишниот возач.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДИК: Досега поднесени 17 приговори за резултатите од парламентарните избори

Следно

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ поднеле 17 приговори за парламентарните избори, за претседателските нема приговори

Latest from Blog

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој ја одобри новата Стратегија  за  Северна Македонија за следните пет години (2025-2030). Стратешките приоритети се: Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот

Реката Крчиќ и нејзините пет водопади – „неоткриен бисер“ за авантуристите

Фотограф и патеписец и од Сплит, го посети кањонот на реката Крчиќ кај Книн, јужна Далмација, па ја прошета кружна пешачка патека покрај пет водопади. -Кружната пешачка патека со водопади низ кањонот

Ердоган за распуштањето на терористичката ПКК: „Турското разузнавање ќе следи дали се исполнуваат ветувањата“

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја нагласи важноста на имплементацијата на ветеното распуштање на терористичката организација ПКK, јавува Анадолу. „Она што е навистина важно е имплементацијата, нашата Национална

Трамп пристигна во Катар, втора станица од турнејата низ Персискиот Залив

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Катар, негова втора станица од турнејата низ Персискиот Залив по посетата на Саудиска Арабија, пренесува Анадолу. Авионот на Трамп слета на Меѓународниот аеродром
Go toTop