Најмалку 427 загинати и на стотици повредени од разорниот земјотрес што ја потресе и Сирија

February 6, 2023
1 min read

ИДЛИБ – Разорниот земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала, кој рано утринава ги потресе јужните делови на Туркије и пограничните региони на северна Сирија, ја предизвика смртта на најмалку 427 лица во Сирија, а на стотици се повредени, известува Анадолу.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот Пазарџик во турската област Кахаманмараш, а потоа уследија 42 дополнителни потреси, од кои најсилниот изнесуваше 6,6 степени по Рихтер. Земјотресот се почуствува и во соседна Сирија, особено во градовите Идлиб, Алепо, Хами, Латакија и Рака во кои се урнаа голем број згради.

Десетици згради се урнати во земјотресот и во делови на Сирија кои се под контрола на опозицијата.

Вкупниот број на загинати во Сирија досега изнесува 427. Агенцијата САНА објави дека 237 лица ги загубиле животите во подрачјата што се под контрола на режимот на Асад.

На териториите што се под контрола на опозицијата загинале 190 лица.

По најсилниот земјотрес со интензитет од 7,4 степени кој е регистриран во округот Пазарџик, во турската област Кахраманмараш, уследија 50 последователни потреси на тлото од кои најсилниот изнесуваше 6,6 степени.

Во земјотресот што ја потресе Туркије досега живот го загубија 284 лица, а повредени се 2323.

Сите надлежни служби на Република Туркије се ангажирани во акции за претрага и спасување, а во подрачјата погодени од земјотресот пристигнуваат екипи од сите делови на Туркије.

Со посредство на Министерството за надворешни работи, Туркије побара меѓународна помош на полето на претрагата, спасувањето и извлекувањето на повредените.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на автопатот Штип-Миладиновци

Следно

Фото: Скопската зоолошка доби нови жители

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop