Фото: Скопската зоолошка доби нови жители

1 min read

Скопската зоолошка соопшти дека во месец ноември добиле осум жолто градни капуцинери (машка група), како донација од ЗОО Мунстер Германија.

Новите жители во ЗОО Скопје деновиве се прилагодуваат на надворешната средина, а сите се на возраст од 5 до 12 години и се сместени во живеалиштето кое претходно го користеа мајмуните од видот Мангабе.

– Овие мајмуни се многу атрактивен јужноамерикански вид и се надеваме дека посетителите редовнo ќе им се радуваат и ќе се забавуваат со нив, информираат од ЗОО Скопје.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Најмалку 427 загинати и на стотици повредени од разорниот земјотрес што ја потресе и Сирија

Следно

Зеленски: Украина е подготвена да и помогне на Турција по земјотресот

Latest from Blog