Најмалку 37 Палестинци се убиени последните 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа

September 7, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Според палестинската официјална новинска агенција ВАФА, 8 Палестинци се убиени, а 15 се повредени нешто по полноќ во израелски ракетен напад со дрон врз училиштето Халима ал Садија, сместено во шаторската населба на раселените Палестинци во регионот Цибалија во северниот дел на Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Телата на 5 Палестинци убиени во израелскиот напад на куќа на запад од бегалскиот камп Нусејрат се донесени во болницата Загинати херои на Ал Акса.

Големи експлозии се случија и во областите југоисточно од округот Зејтун, кој беше подложен на интензивно бомбардирање од страна на израелските сили.

Имаше убиени и повредени и во бомбардирањеето на куќа во регионот Каул-Курејн, јужно од Хан Јунис.

Голем број луѓе, вклучително и деца, се убиени во нападот на Израел врз станбена зграда во областа Ан-Наср, во западниот дел на градот Газа.

Најмалку 37 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, кои продолжуваат од петокот наутро.

– 5 Палестинци се убиени во израелски воздушни напади врз централна и северна Газа

Палестинската официјална новинска агенција ВАФА објави дека Израел гранатирал населено место во областа Ан-Наср во северниот дел на градот Газа.

Во нападот убиено е едно девојче, а големиот број повредени Палестинци се пренесени во Баптистичката болница „Ел Ехли“ во градот.

Палестинската Црвена полумесечина објави дека во нападот на израелските авиони врз бегалскиот камп Бурајџ во централниот дел на Појасот Газа се убиени 4 лица, а 10 се повредени, меѓу кои има и деца.

Повредените се пренесени во болницата Ел Авде во бегалскиот камп Нусајрат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Следно

ФОТО+ВИДЕО: Солзи на теренот, Луис Суарез се збогуваше со репрезентативниот дрес

Latest from Blog

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА
Go toTop