Најмалку 22 Палестинци се убиени во новите израелски воздушни напади во Газа

December 5, 2024
1 min read

Најмалку 22 Палестинци се убиени и неколку се повредени денес во израелските напади во северниот и јужниот дел на Појасот Газа, објавија медицински извори, јавува Анадолу.

Израелските борбени авиони погодија куќа до болницата „Камал Адван“ во градот Беит Лахија, при што се убиени седум лица, а петмина се повредени, изјави медицински извор.

„Уште десет лица ги загубија своите животи, а неколку луѓе беа повредени во друг напад чија цел беше дом во истиот град“, додаде изворот.

Три лица се исто така повредени и кога израелско беспилотно летало го гранатираше покривот на индонезиската болница во истата област.

„Во јужниот дел на Газа, во израелски воздушен напад врз Рафа убиени се двајца Палестинци“, рече изворот.

Медицинските лица соопштија дека уште три лица се убиени во воздушен напад чија цел била дом во населбата Шеџаја во источниот дел на градот Газа.

Израел започна геноцидна војна во Газа по нападот од палестинската група на отпорот Хамас во октомври минатата година. Досега во израелските напади се убиени повеќе од 44.600 Палестинци, повеќето жени и деца, а повредени се над 105.700.

Втората година од почетокот на геноцидот во Газа наидува на сѐ поголема меѓународна осуда, а официјалните претставници и институции ги карактеризираа нападите и блокирањето на испораките на хуманитарна помош како намерен обид за уништување на населението.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) на 21 ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот шеф на одбраната Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стојаноски- Паолучи: Парламентарното мнозинство ќе остане партнер со сите институции кои работат и помагаат во подобрување на условите за економски раст и развој

Следно

Светски познатото турско кафе се издвојува и по начинот на подготовка

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop