Најмалку 10 луѓе, меѓу кои и деца, се застрелани во приградски воден парк во областа Детроит

1 min read

Најмалку 10 луѓе, меѓу кои и деца, се застрелани во приградски воден парк во областа Детроит во САД, пренесоа светските агенции.

Оружјето со кое се пукало е пронајдено на местото на настанот, соопшти полицијата. Напаѓачот бил маж кој излегол од автомобил пред водениот парк Брукленд Плаза во Рочестер Хилс, Мичиген и испукал околу 30 истрели со полуавтоматски пиштол Глок калибар 9 милиметри, изјави шерифот на округот Оукланд, Мајкл Бушар. 

Рочестер Хилс се наоѓа на околу 50 километри северно од Детроит. Се трага по напаѓачот на злосторството. 

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Турскиот претседател Ердоган го честиташе Курбан бајрам

Следно

Без вода неколку улици во Карпош

Latest from Blog