Најлошиот Манчестер во историјата бележи рекордни профити

September 18, 2025
1 min read

Манчестер Јунајтед минатата година оствари рекордни финансиски приходи од 666,5 милиони фунти, иако тимот заврши на 15. место во лигата – што е најлош пласман на „црвените ѓаволите“ во елитното англиско првенство од сезоната 1973/74.

Сепак, почетокот на нивниот петгодишен договор за спонзорство на предниот дел од дресовите со компанијата „Snapdragon“ му овозможи на клубот од „Олд Трафорд“ да оствари рекордни комерцијални приходи од 333,3 милиони фунти, додека приходите од натпревари исто така беа рекордни – 160,3 милиони фунти годишно, заклучно со 30 јуни 2025 година.

„Да се имаат вакви бизнис резултати и приходи во толку предизвикувачка година за клубот само ја покажува решеноста и одлучноста кои се заштитен знак на Манчестер Јунајтед“, изјави извршниот директор на клубот, Омар Берада.

Берада не сакаше да го коментира лошиот старт на сезоната за Јунајтед, туку потенцираше дека клубот е насочен кон резултати на подолг рок.

Вкупниот загубен износ на Јунајтед од 33 милиони фунти претставува намалување од 70,8% во однос на претходната година, кога таа бројка изнесуваше 113,2 милиони фунти.

Од клубот велат дека „остануваат посветени на досегашната работа и дека се придржуваат кон Правилата за профит и одржливост на Премиер-лигата и правилата за финансиски фер-плеј на УЕФА“.

Во јануари ревизорската куќа „Deloitte“ го рангираше Јунајтед како клуб со четврти најголем приход во светскиот фудбал, врз основа на заработката од 651 милион фунти во претходната година.

На прво место беше Реал Мадрид (883 милиони фунти), а потоа следеа Манчестер Сити (708 милиони фунти) и Пари Сен Жермен (681 милион фунти).

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Катастрофа во Индија: Се урнаа згради, 12 лица исчезнаа по обилните дождови

Следно

Словенија има понуда за Хрватска во врска со новата нуклеарна централа Кршко

Latest from Blog

Ана и Игор Дурловски – македонски песни со светска виртуозност во Битола

Синоќа, платото пред Офицерскиот дом во Битола беше исполнето со овации за оперските уметници Ана и Игор Дурловски, кои го изведоа концертот „Песни од срцата“. Стари македонски изворни песни беа отпеани со

Меџити тврди: Кандидатурите на Левица во албанските средини се усогласени со ДУИ

Првиот вицепремиер на Северна Македонија и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, ги коментираше кандидатурите на партијата Левица во албанските општини, нагласувајќи дека тие не се случајни, туку тесно поврзани

Мини-роботи како безболна замена за колоноскопијата

Британски научници развија иновативна технологија којашто би можела да го промени начинот на дијагностицирање и лекување на ракот на дебелото црево – една од најсмртоносните болести на нашето време. Станува збор за

Просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.09.2025 (09:30 часот) до 18.09.2025 (09:30 часот) беа спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри

Ѓорѓиевски: Заеднички кон почисти и пофункционални градови

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на конференција посветена на одржливото урбано мобилно планирање, на покана на министерот за транспорт, Александар Николовски. Ѓорѓиевски истакна дека
Go toTop