Најк претера со кратење на бодито за Олимпијада

1 min read

Олимпијките го обвинија Најк дека моделите непотребно многу откриваат и се сексистички, а и не придонесува кон перформансите. Проблемот е со долниот дел од костимот кој е премногу отворен и висок.

„Професионални спортистки треба да можат да се натпреваруваат без да мора половина од мозокот да го трошат на константното триење или на менталната гимнастика дали ќе ти се види срамниот дел од телото.

Женската опрема треба да им служи на перформансите, и ментално и физички. Ако оваа облека е вистински корисна за физичките перформанси и мажите ќе ја носеа,“ порачала американската шампионка на 500 метри, Лорен Флешман.

На сличен став е и добитничката на сребрен медал во скок во далечина на минатогодишниот светски шампионат, Тара Дејвис Вудхол, кој коментира дека со таков костим сигурно ќе и се види половиот орган.

Дел од женските олимпијки со години се жалат дека опремата за олимписките дисциплини во женска категорија, од одбојка до гимнастика, е непотребно кратка и премногу открива, без тоа да има некаква корист за нивните перформанси и резултати.

Од Најк објасниле дека спортистките имаат да бираат меѓу повеќе различни типови на опрема доколку не ги бендисуваат едноделните костими, плус дека за време на Олимпијадата и Параолимпијадата на спортистите ќе им бидат достапни кројачи кои по нивна мерка ќе ја направат опремата.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Бојан Јовановски – Боки 13 побара повторување на кривичната постапка за „Рекет“

Следно

Норис ги победи Хамилтон и Алонсо и ќе стартува прв во кинескиот спринт

Latest from Blog