Најголемиот број луѓе се на антидепресиви што не им требаат

January 4, 2023
1 min read

Како што одминува време така низ годините се губи и маѓепсаноста на јавноста со антидепресивите, плус излегуваат информации дека производителите селективно објавуваат резултати од клиничките тестови за истите, главно криејќи ги лошите заклучоци.

„Кога резултатите од сите студии поднесени до американските здравствени власти меѓу 1979 и 2016 беа дополнително проверени од независни научници, излезе дека антидепресивите имале значителна корист, над ниво на плацебо ефект, само кај 15% од пациентите,“ пишува Економист.

Согласно ова последниве години се ревидирани и медицинските насоки, па апчињата повеќе не се препишуваат како „прва линија на одбрана кај помалку сериозни случаи на депресија“. Наместо нив, пациентите добиваат препораки за вежбање, спиење и самопомош, или пак во случај на претерување со работа, слободен ден.

„Лековите сега се чуваат само за посериозни типови на депресија, каде можат да бидат спасоносни.

Проблемот е што многу луѓе кои немаат потреба од антидепресиви веќе ги користат, одново подигнувајќи ги своите дози на рецепт препишани пред повеќе години па дури и децении.

Ним им треба помош за откажување од лекот. Нус-појавите се штетни за квалитетот на живот, а како се старее тие стануваат и опасни по живот. Тие вклучуваат сексуална дисфункционалност, летаргија, емоционално отапување, зголемен ризик од дефекти кај плодот доколку се земаат за време на бременост, или кај постари луѓе, мозочен удар, паѓање, напади, срцеви проблеми или крварење по операција. Ова е закана и за здравствените системи како што популацијата старее.

Докторите ретко зборуваат со своите пациенти околу прекинување на лековите од страв дека тоа би можело да доведе до враќање на симптомите на депресија. Меѓутоа за голем број луѓе е безбедно да престанат да ги пијат. Дури и меѓу долгорочните корисници со неколку минати епизоди на депресија едно неодамнешно британско истражување покажа дека 44% од пациентите би можеле безбедно да престанат со земање на лековите. За поблаги случаи, стапката на успех е веројатно уште поголема,“ забележува Економист.

Од магазинот препорачуваат неколку клучни промени, прво докторите да добијат нови насоки за тоа како да ги препишат лековите. Второ, осигурителните компании да почнат да плаќаат за нови начини за испорака на лекови кои им помагаат на луѓето што сакаат да престанат да ги користат и имаат потреба да се ослободат од нив за да ги избегнат тешките ефекти на одвикнување.

„Сето ова би можело да чини повеќе отколку денес да се земе нова доза. Ама како што толку многу луѓе се на овие лекови, цената од нус-појавите наскоро ќе почне да се трупа. Додади го ова на мизеријата на милиони луѓе чии животи се лишени од вообичаени задоволства заради бескорисни рецепти, и аргументот за промена е непобитен,“ порачуваат од Економист.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Oбид за внесување мобилни телефони во штипскиот затвор

Следно

Изгоре викендичка на тетовско Кале, пожарот го гаснеле 12 пожарникари

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop