Најголемата соларна фарма прегоре предвреме

January 24, 2023
1 min read

Масивниот Сан Кејбл проект отиде во доброволен стечај и принудна управа. Тоа требаше да биде најголемата соларна „фарма“ на светот која ќе собира ‘зелени електрони’ на површина од 12.000 хектари (120 километри квадратни) во Австралија и потоа со земјен кабел од 800 километри и подводен од 4.200 километри да носи струја во Сингапур. 

Проектно, тоа ќе беше девет пати поголема соларна фарма од моментално најголемата и ќе користеше кабли 6 пати подолги отколку што досега било случај. 

Одлуката за ставање крај на приказната уследила откако компанијата „не успеа да се усогласи со целите на акционерите“, се наведува во корпоративното сооппштение.

„Иако предлози за финансирање беа доставени, не можеше да се постигне консензус за идната насока и структурата на финансирање на компанијата“.

Познавачи велат дека зад ваквите магловити формулации стои конфликт меѓу двајцата најголеми инвеститори во проектот, милијардерите Мајк Канон-Брукс и Ендрју „Твиги“ Форест, околу финансирањето и насоката на компанијата. Нервозата се зголемувала откако станало јасно дека Сан Кејбл гори многу пари а не успева да ги постигнува зададените маркери.

Тоа ќе беше фарма која ќе произведува 20 гигавати, од кои дел ќе беа складирани. Ќе обезбедуваше 15% од вкупните потреби на Сингапур за електрична енергија а нејзиниот ефект врз средината ќе беше еквивалентен на тоа да снема 2,5 милиони автомобили од патиштата.

Што е со крабите?

Се чини дека тие се неодоливо привлекувани од електромагнетните полиња околу подводните кабли. Доаѓаат и со часови биваат „хипнотизирани“. Не само што се имобилизирани, туку им се менувала и хемијата на крвта и биоритмот.

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонските граѓани ќе добијат електронски идентитет

Следно

Владата ќе ги следи препораките на Пендаровски, но не кажува дали ќе им забрани влез на европратеник и други бугарски државјани

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop