Најбарана евровизиска песна на Јутјуб е холандската, хрватскиот претставник со најголеми шанси за влез во финалето

April 5, 2024
1 min read

Обложувалниците ги отворија квотите за полуфиналните вечери на Евровизија. Така, во првата полуфинална вечер најголеми шанси за влез во финалето има хрватскиот претставник Бејби Лазања, а по неа е Украина.

Што се однесува до второто полуфинале, на прво место е Холандија, а при врвот е и Швајцарија, која засега е и најголемиот фаворит за победа на овогодишниот натпревар.

Холандија, инаку, го привлекува вниманието со песната „Europapa“ со која годинава ќе ја претставува Јост Клајн. Песната е објавена на официјалниот Јутјуб канал на Евросонг пред еден месец и досега има над 17 милиони прегледи. Ниту една песна што беше објавена тој период или на почетокот на оваа година не е ниту блиску до холандската.

Инаку, песната „Europapa“ е писмо од Јост до неговиот покоен татко кој починал од рак и му рекол дека нема граници за тоа што може да постигне.

– „Europapa“ е за сирак кој патува низ Европа (и пошироко) за да се најде себеси и да ја раскаже својата приказна. На почетокот луѓето не го препознаваат, но тој продолжува да ја користи секоја можност за да биде виден. Песната е посветена на мојот татко. Воспитувајќи ме, тој ми го пренесе тој широк поглед на светот, изјави Клајн.

Сепак, обложувалниците на холандската песна ѝ даваат девет отсто шанса за победа.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ ќе чини неверојатни 1,8 милијарди евра

Следно

Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Latest from Blog

ВРЕДИ: Две децении корупција и хаос се единствениот резултат на ДУИ

Соопштение на коалицијата ВРЕДИ: „ДУИ/АКИ со половина од раководството на меѓународни црни листи немаат ниту морал ниту кредибилитет да зборуваат за „српскиот свет“, бидејќи Абаз Ѓука од ОВК заврши во Али Ахмети

Руските дронови повторно предизвикуваат загриженост за европската цивилна авијација

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор предизвика загриженост за ранливоста на цивилниот воздушен сообраќај во Европа, велат експертите за авијација и безбедност, најновиот проблем со кој се соочуваат авиокомпаниите

Gemini доби функцијата што многумина ја бараа

Google додаде нова функција во својата апликација Gemini и го подобрува начинот на кој работи со звук. Една од најбараните опции конечно е достапна во апликацијата Gemini: покрај текст, слики и видео

Повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ за последипломски студии по младинска работа

Сојузот за младинска работа (СМР) по втор пат го распиша јавниот повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ за последипломски академски студии по младинска работа на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.

Облачно со пороен дожд, наместа изолирана појава на невреме

Променливо облачно време, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, најавуваат синоптичарите за денеска. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над
Go toTop