Облачно со пороен дожд, наместа изолирана појава на невреме

September 11, 2025
1 min read

Променливо облачно време, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, најавуваат синоптичарите за денеска. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч).

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје слично време, а во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во сабота изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп за 11 септември 2025 година

Следно

Повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ за последипломски студии по младинска работа

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop