Најавена средба на шефовите на дипломатиите на Јордан, Саудиска Арабија, Египет и режимот на Асад од Сирија

April 30, 2023
1 min read

АМАН (АА) – Шефовите на дипломатиите на Јордан, Саудиска Арабија, Ирак и Египет утре во Аман ќе се сретнат со министерот за надворешни работи на сирискиот режим на Башар ал-Асад, јавува Анадолу.

Министерството за надворешни работи на Јордан соопшти дека ќе биде домаќин на разговорите меѓу шефовите на дипломатиите на четирите арапски земји со сирискиот министер Фајсал Микдад.

Истакнато е дека состанокот е продолжение на консултативната средба на земјите од Заливскиот совет за соработка, на која се сретнаа претставници на Јордан, Ирак и Египет во Џеда на 14 април годинава.

Хусам Зеки, заменик-генерален секретар на Арапската лига, изјави дека се очекува одржување на 32. Самит на Арапската лига во Саудиска Арабија на 19 мај 2023 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: „Џузепе Меаца“ еруптираше кога на теренот се појави Горан Пандев

Следно

СТАРОВРЕМСКИ ФОТОГРАФИИ

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop