Награда за „Најдобар краток филм” во интернационална конкуренција за „Северен пол” на фестивал во Индија

January 9, 2023
1 min read

Во низата од 100 фестивалски учества ширум светот на кои филмот „Северен пол“ освои 15 награди, се додава и најновата односно наградата за “Најдобар краток филм” во интернационална конкуренција за “Северен пол” на 9-то издание на Smita Patil Documentary and Short Film Festival кој се одржа од 17 до 18 декември во Пуна,Индија. Претходно филмот кој е во режија на битолчанката Марија Апчевска, ги доби наградите : за најдобра актерка за Антонија Белазелкоска на фестивалот во Приштина, тука е и наградата за најдобар краткометражен филм на фестивалот во Црна Гора и други.

Приказната на „Северен Пол“ е приказна за прифаќање и меѓуврснички притисок, раскажана низ очите на 16 годишната Марго, која ја игра Антонија Белазелкоска. Сниман е на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, а кастинг-директор Киријана А. Николоска. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент на филмот е Роберт Насков, копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ.

Овој филм е сниман на 16 милиметарска филмска лента.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стоилковски: Показател за тоа каква е борбата против корупцијата е 6 месечното молчење од страна на ДКСК за залудно потрошени над 2 милиони денари во Општина Гази Баба

Следно

Маричиќ: Не знам за формален обид на Заев за уривање на Ковачевски

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не
Go toTop