Под мотото „За секое дете социјална инклузија“, присуствував на незаборавен настан за најмладите на „Зимзоленд“, со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади, неколку невладини организации и соработка со повеќе скопски градоначалници, информира ресорниот заменик-министер Ѓоко Велковски.
-Преку 400 дечиња од различни социјални категории, меѓу кои деца со попреченост, деца на улица, деца од згрижувачки семејства и деца без родители и родителска грижа, се собраа заедно да го прослават овој посебен ден.
Благодарение на општествено одговорните компании како Титан Усје и Специјал, секое дете доби пакетче полно љубов и внимание.
Настанот беше исполнет со различни активности кои ги поттикнаа децата да се дружат и забавуваат.
Нашата заедничка заложба останува: да создадеме инклузивно општество каде секое дете ќе биде ценето, прифатено и среќно.
Овој настан е само еден чекор кон постигнување на таа цел, и се надеваме дека ќе инспирира многу други иницијативи во иднина, пишува Велковски на Фејсбук.
ИЗВОР: kurir.mk