Над 1,89 милиони лица во странство гласаа во вториот круг претседателски избори во Туркије

May 25, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Над 1,89 милиони турски државјани го дадоа својот глас во странство досега на вториот круг од претседателските избори во Туркије закажани за 28 мај, јавува Анадолу.

Гласањето во дипломатските претставништва заврши вчера (среда), додека гласањето на граничните премини ќе продолжи до 17 часот по локално време во недела.

Според Врховната изборна комисија на Туркије, над 1,89 милиони луѓе (1.895.430) го дале својот глас во турските претставништва во странство и на граничните премини до 10 часот по локално време денес.

Во првиот круг избори на 14 мај, вкупно 1.839.470 турски државјани во странство излегоа да гласаат на претседателските и парламентарните избори.

Бројот на гласачи во вториот круг од претседателските избори досега е зголемен за 55.960.

Оние кои не можат да гласаат во одредениот период во нивната земја на престој, ќе можат да гласаат на граничните премини до 17 часот во недела.

Во првиот круг од изборите, турските државјани во странство гласаа во странските претставништва на земјата во периодот од 27 април до 9 мај, а на граничните премини до 14 мај.

Народната алијанса на претседателот Реџеп Таип Ердоган освои мнозинство во Парламентот, додека за претседателската трка се одржува втор круг бидејќи ниту еден кандидат не доби просто мнозинство, или повеќе од 50 отсто од гласовите. Ердоган водеше во првиот круг со 49,52 отсто од гласовите.

Ердоган во вториот круг ќе се соочи со Кемал Киличдароглу, лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) и заеднички кандидат на шестпартиската опозициска Национална алијанса.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САМО 20 ДУШИ ДОЈДОА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ФЕРУС МУСТАФОВ КОЈ ГИ СОБИРАШЕ АПЛАУЗИТЕ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ

Следно

Шефот на Вагнер тврди дека 20.000 негови борци загинале во борбите за градот Бахмут

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop