Над 1,3 милиони ученици се вратија на училиште во 3 турски области кои беа погодени од земјотресот

March 13, 2023
1 min read

ГАЗИАНТЕП/АДАНА (АА) – Над 1,3 милиони ученици во турските области Газиантеп, Адана и Османије погодени од земјотресот денес се вратија во училиштата, јавува Анадолу.

Околу 662.500 ученици во Газиантеп, 497.850 во Адана и 137.760 ученици во Османије продолжија со часовите по реновирањето и поправките во нивните училишни згради, што беа оштетени во земјотресот на 6 февруари што ја зафати јужна Туркије, при што загинаа речиси 48.000 луѓе.

Учениците влегоа во училниците по момент молчење и пеење на турската химна.

Образованието во училиштата повторно започна откако беше одобрено од Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени.

Во меѓувреме, продолжуваат подготовките за продолжување на наставата во провинциите Адијаман, Малатија, Кахраманмараш и Хатај на 27 март.

Повеќе од 13 милиони луѓе се засегнати од силните земјотреси кои потресоа 11 турски области – Кахраманмараш, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Елазиг и Шанлиурфа. Во голем број училишта и студентски домови се сместени преживеаните од земјотресот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Промоција на книга од Ленче Милошевска во Градската библиотека во Скопје

Следно

Богата и моќна американска банка пропадна за два дена

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по
Go toTop