На затворена судска седница сослушан мажот кој пукаше во двете српски момчиња, неговиот адвокат вели дека пукал во самоодбрана

January 8, 2023
1 min read

За да се заштити од опасноста, според адвокатот, неговиот клиент пукал двапати, но не во толпата која наводно му се заканувала, туку еднаш во воздух и еднаш во асфалтот. Притоа, како што дополнил, тој не знаел дека во пукањето биле повредени двете момчиња

Во Основниот суд на Урошевац денеска се одржала затворена судска седница на која бил сослушан 33-годишниот Азем Куртај, осомничен за ранувањето на двете момчиња од српска националност врз кои беше пукано од возило во движење на 6 јануари.

Сослушувањето било затворено за медиумите, а од Судот информирале дека донесената одлука ќе биде соопштена преку писмено соопштение.

По седницата, адвокатот на осомничениот, Наим Ферати, изјавил дека неколку секунди пред инцидентот кој се случи пред два дена, Куртај бил нападнат со некој предмет и бил навредуван, по што пукал во самоодбрана.

„Во петокот попладне мојот клиент заедно со неговиот пријател патувале за Брезовица, кога одеднаш на патот ненајдено биле блокирани од толпа луѓе кои славеле, по што ненадејно биле нападнати“,

рекол адвокатот Ферати.

За да се заштити од опасноста, според адвокатот Ферати, неговиот клиент пукал двапати, но не во толпата која наводно му се заканувала, туку еднаш во воздух и еднаш во асфалтот. Притоа, како што дополнил, Куртај не знаел дека во пукањето биле повредени двете момчиња.

„Тој пукал еднаш во воздух за да ја растера толпата. Поради околностите и нападот што го претрпел во тие моменти, бил принуден повторно да пука кон земјата, овојпат кон асфалтот и во тие моменти успеал да го напушти местото, без да знае дека може некој да е повреден“,

додал адвокатот, посочувајќи дека неговиот клиент од социјалните мрежи дознал дека има повредени во пукањето.

Согласно тоа, адвокатот заклучил оти 33-годишникот немал намера да пука или повреди некого, туку дека пукал во самоодбрана, а тоа, како што додал, го потврдила и мајката на повредениот 11-годишник, Зорица Стојановиќ, која во изјава за српските медиуми изјавила дека „не било пукано во момчињата, туку на асфалтот“.

Двете српски момчиња Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети на 6 јануари кај Штрпце  откако во нив беше пукано од возило во движење кога без причина, локален Албанец, пукал во нив од возило во движење, соопшти во петокот Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија.

По нападот, осомничениот 33-годишник со иницијали А.К., патем припадник на Косовските безбедносни сили, беше уапсен од косовската полиција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ал Наср се раздели со Абубакар за да го регистрира Роналдо

Следно

Објавени фотографии од Иранецот кој планирал терористички напад со смртоносни отрови во Германија

Latest from Blog

Грците со невидени мерки кон богаташите- 20 години затвор за предизвикување пожар со огномет од јахтите

Сега, група разгалени буржоази и ентузијасти за огномет во Грција ќе научат лекција за одговорно однесување на потешкиот начин. Вкупно 13 патници на приватна јахта, вклучувајќи членови на екипажот, беа уапсени откако

Илон Маск брутално одговори на критиките на Били Ајлиш

Дебатата за богатството и општествената одговорност ја подели јавноста откако пејачката ги осуди ултрабогатите, а основачот на Тесла не ѝ остана должен. „Зошто си милијардер?“ Сè започна претходно овој месец кога 23-годишната

Татко и син предизвикале хаос, додека истражувале тунели под нацистички логор- скапо ќе платат

Тие одлучиле да го истражат системот на тунели на Меморијалниот комплекс, каде што некогаш се наоѓал концентрациониот логор Мителбау-Дора, не сомневајќи се на хаосот што ќе настане. Загрижена поранешна сопруга Станува збор

ОВА Е СЕМЕЈСТВОТО КОЕ УМРЕ ВО ИСТАМБУЛ, но деталите велат дека можеби не се отруени

Она што требаше да изгледа како одмор од соништата заврши со голема трагедија. Мајката и двете мали деца од Германија починаа во Истанбул, а таткото беше на интензивна нега до денес. Германските
Go toTop