На САД не им се губат уште дронови над Црното море

1 min read

Проблемот со новата рута е што е значително подалеку од руска територија, а со тоа и значително се намалува и квалитетот на разузнавачките податоци што ги собираат дроновите.

Ваквата дупка што се јавува во американското разузнавање делумно се очекува да биде покриена со снимки од шпионски сателити.

Од Пентагон објаснуваат дека новите рути се со цел „да се избегне да се биде премногу провокативен“. Претходно дроновите беа многу поблиску до Крим и источниот дел од Црното море.

По инцидентот во кој беше соборен американскиот дрон од Пентагон порачаа дека тие ќе продолжат со летовите во меѓународниот воздушен простор. И покрај тоа новите рути се на 40 наутички милји од украинскиот брег, наместо на вообичаените 12 наутички милји кои се признаваат како граница на националниот воздушен простор.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Секојдневно сме сведоци на покачувања во другите сектори, освен секторот култура кој останува на маргините, протест на вработените во Министерството за култура

Следно

Детали за убиството кај Млечен: Осомничениот пукал неколкупати, потоа со кундакот удирал во главата на жртвата

Latest from Blog