На поранешниот француски претседател Саркози потврдена тригодишната казна за корупција

May 17, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Апелациониот суд во Париз денес ја потврди тригодишната затворска казна на поранешниот француски претседател Никола Саркози, одбивајќи ја неговата жалба против пресудата за корупција и трговија со влијание од 2021 година, пренесува Анадолу.

Саркози, кој ја водеше земјата од 2007 до 2012 година, и неговиот адвокат Тиери Херцог беа обвинети за поткуп на Гилберт Азиберт, поранешен судија во Касациониот суд, во 2014 година за да им даде информации за судска истрага.

Саркози во замена му ветил на судијата престижна функција во Монако, пишува дневниот весник „Монд“.

Судот го осуди поранешниот претседател на три години затвор, со две години условно, на 1 март 2021 година, соопшти телевизијата БФМТВ.

Саркози бараше укинување на пресудата, но Апелациониот суд во Париз ја потврди казната што се однесува и на другите двајца обвинети.

Станувајќи прв француски претседател осуден за такви обвиненија, Саркози се соочува и со тригодишно ограничување на неговите граѓански права, што го прави неподобен да се кандидира за јавна функција во тој период.

Според БФМТВ, ќе му биде дозволено да го одлежи времето дома, носејќи електронска алка за преостанатата година наместо да оди в затвор.

Неговиот адвокат Херцог, исто така, доби три години забрана за правна работа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ако веќе наредивте соларни панели, јбг

Следно

Интер гази сè пред себе откако Алегри им кажа дека се ср*ње!

Latest from Blog

Арсовска: Уставниот суд одби да ја разгледа иницијативата против изградба на хемиски фабрики во Ѓорче Петров

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на својот Фејсбук профил информираше дека Уставниот суд донел одлука да не ја разгледува иницијативата на Град Скопје за оценка на уставноста на планот со кој се

Израелските медиуми: „Израел се подготвува да го пресретне хуманитарниот брод ‘Мадлин’ пред да влезе во водите на Газа“

АНКАРА (АА) – Израелската морнарица се подготвува да го пресретне хуманитарниот брод „Мадлин“ кој се приближува кон водите на Газа, со планови насилно да го пренасочи кон пристаништето Ашдод, објави денес израелскиот

Колку гориво навистина останува кога автомобилот е на резерва и како најлесно да се пресмета?

Кога ќе се вклучи жолтата светилка за резерва на контролната табла на автомобилот, што значи дека ни снемува гориво, некои луѓе паничат, додека други одлучуваат да „возат до крај“, што всушност не
Go toTop