На Кипар Самит на лидерите на медитеранските земји од групата МЕД9

October 11, 2024
1 min read

Односите ЕУ-Јордан, ситуацијата во поширокиот регион и на Блиски Исток, но и приоритетите на ЕУ за Медитеранот, се очекува да бидат темите за кои ќе разговараат лидерите на земјите од групата МЕД9, односно деветте медитерански земји членки на Европска Унија, кои денеска на Кипар ќе го одржат 11 Самит, а ќе учествуваат и претседателката на ЕК и кралот на Јордан.

Покрај Кипар, кој претседава оваа година, во групата МЕД9 се и Франција, Грција, Шпанија, Италија, Хрватска, Малта, Португалија и Словенија.

На Самитот во кипарскиот град Пафос, планирано е да се одржат два последователни работни состаноци. Првиот ќе се фокусира на односите меѓу Европската унија и Јордан, а на вториот учесниците ќе разговараат за приоритети на медитеранските земји во ЕУ.

Кипарскиот претседател Никос Христодулидис, кој е домаќин на Самитот рече дека овој пат се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која од вчера е во Пафос и кралот на Јордан, Абдулах Втори, за со шефовите на држави на деветте медитерански држави на ЕУ „да разговараат за случувањата во регионот и како ЕУ може да преземе конкретни иницијативи за смирување на кризата, но и за зајакнување на хуманитарната помош во регионот“.

– Со оглед дека сме и во период кога ќе започне новиот циклус на ЕУ, прашањата што го засегаат Медитеранот треба да се стават високо на приоритетите на Комисијата и медитеранските држави на ЕУ. Сметам дека е позитивна одлуката на претседателката за формирање специјално портфолио за Медитеранот, рече Христодулидис. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Мицкоски по повод 11 Октомври: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме

Следно

[Видео] Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки пред нас

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop