На ирски фудбалски репрезентативец му е дијагностициран аутизам

March 29, 2023
1 min read

Ирскиот фудбалски репрезентативец и играч за врска на англискиот второлигаш Виган, 33-годишниот Џејмс МекКлин, објави дека му е дијагностициран аутизам.

МекКлин ја откри дијагнозата во вторникот во објава на Инстаграм за време на Светската недела на аутизам, додавајќи оти побарал лекарска проценка на нарушување на спектарот на аутизам (ASD), откако заедно со сопругата Ерин препознале дека споделува некои особини со една од своите ќерки Вилоу –Ајви.

„Како што сите знаете, мојата ќерка Вилоу – Ајви има аутизам. Последните четири години ѝ го променија животот на неверојатен начин, но понекогаш беа и многу тешки, бидејќи нејзиниот татко ја гледаше како премостува толку пречки во својот живиот и учи да се справува со предизвици со кои секојдневно се среќава“, напиша МекКлин во воведот на својата емотивна објава.

„Гледам толку мали особини во неа кои ги гледам и кај себе, па затоа одлучив да извршам проценка на ASD. Беше тоа мало патување и сега по дијагнозата чувствувам дека е време да споделам со вас, во неделата која е во нејзиниот знак. Некое време дебатирав ова да го споделам со јавноста бидејќи тоа го сторив за Вилоу – Ајви за да ѝ дадам до знаење дека ја разбирам и оти тоа што има аутизам нема и никогаш не би требало да ја спречи во постигнување на своите цели и соништа. Татино девојче“, напиша ирскиот репрезентативец.

Ден претходно МекКлин го одигра 98. натпревар во кариерата за Република Ирска кога во понеделникот влезе од клупата за резерви на дуелот против Франција (0-1) во квалификациите за ЕУРО2024.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полска забранета зона за руски и белоруски спортисти

Следно

Бочварски не кажува дали има друга фирма како „Електра солушнс“ што добила лиценца А за надзор за само четири дена

Latest from Blog

Во Преспанско Езеро кај селото Наколец откриен редок органски материјал

НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам Љубојно, во рамки на проектот ACT4PRESPA ги реализираа првите подводни археолошки истражувања во Преспанско Езеро и со цел

Англиски репрезентативец заврши во болница

Се работи за стандардниот стопер на тимот на Њукасл, Ден Бирн кој што во дуелот против Сандерленд доби незгоден удар, при што заработи скршеница на ребро. Ова значи дека дефанзивецот веројатно ќе

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон

Брендан Роџерс има нов клуб

Некогашниот менаџер на тимот на Ливерпул, Брендан Роџерс е нов кормилар на тимот на Ал Кадисија од Саудиска Арабија, објави „Атлетик“. Искусниот стратег кој во моментов има 52. години веќе е на
Go toTop