На ГП Табановце се чека до половина час

July 7, 2025
1 min read

Утрово има зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, каде времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни:петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Продадени околу 13.000 билети за Ф4 во ЛШ во 2026 година

Следно

Студентите во блокада најавија нови протести утрово низ Белград

Latest from Blog

Маж нападнат со нож во струшко Враништа

На 06.07.2025 година во 17,30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во близина на струшкото село Враништа, едно лице, започнало вербална расправија со С.Г.(51) од струшкото село Лабуништа по што, со

Стојанче Ангелов: Сѐ е во ред!

Втор ден пожар кај граничниот премин Блаце: ветерот и стрмниот терен ја отежнуваат битката со огнот Пламените јазици што вчера избувнаа крај магистралниот пат кон граничниот премин Блаце и денеска се шират

Муцунски вечер во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Хасани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Игли Хасани. Муцунски денеска е во работна посета на Хаг, каде ќе

Зајдисонце во Трабзон

ТРАБЗОН (АА) – Црвенилото на небото од зајдисонцето во Трабзон и џамијата „Аја Софија“ создадоа прекрасна слика во оваа турска област, известува Анадолу. Зајдисонцето во Трабзон создава прекрасна глетка на градот и

Во Русија беа откажани 485 лета во текот на викендот поради напади со беспилотни летала

МОСКВА (АА) – Во Русија се откажани 485 лета, а приближно 1.900 летови се одложени поради нападите со беспилотни летала извршени од украинската армија во текот на викендот, известува Анадолу. Во соопштението
Go toTop