На денешен ден е роден таткото на култната „Бушава азбука“

1 min read

На денешен ден е роден познатиот македонски драмски писател Горан Стефановски, меѓу другото, автор на најуспешниот проект на МТВ – серијата „Бушава азбука“. 

Се сеќавате ли на македонската детска програма продуцирана со помош на МРТВ во 1985 со авторите Горан Стефановски и Слободан Унковски, со музика од „Леб и сол“ и Ана Костовска.

Во „Бушава азбука“ играа врвни актери како Ненад Стојановски, Александар Чамински, Марин Бабиќ, Петар Арсовски, Ана Костовска, Софија Куновска, Кирил Ристески, Јовица Михајловски и Мими Таневска.

Програмата е насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку медиумите на музика, цртан филм, итн. Вкупно има 31 епизода со просечно траење од 29 минути, посебно посветени на буквите од македонската азбука. 

Илустрирана книга од истоимената телевизиска серија „Бушава азбука“ изгледа вака: 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Перу прогласи вонредна состојба на границите за борба против нерегуларната миграција

Следно

Доделени 144 субвенции за велосипеди и електрични тротинети во Центар

Latest from Blog