На Дебарско Езеро одржан натпревар во спортски риболов на тапа, екипно најдобри рибарите од Приштина

November 16, 2025
1 min read

Во организација на Спортското риболовни друштво „Трофта“ (Пастрмка) на брегот на Дебарско Езеро се одржа натпревар во спортски риболов на тапа. Учествуваа 15 екипи составени од по тројца членови   од неколку градови од државава, како и од Косово и од Албанија.

Екипно најдобра беше екипата од Приштина, втора екипата  од Скадар, Албанија, додека третото место го освои екипата од Урошевац, Косово. 

Поединечно најголемо риболовно мајсторство покажа  Газменд Ковачи од Македонија, додека второ и трето место освоија Јетон Мулоли, односно Ремзи Ислами од Косово.

На најдобрите им беа доделени пехари и медали.

-Сакам да изразам големо задоволство што се мина во една убава дружба, рибарски досетки, разговори. Убеден сум дека и овој пат го  почувствувавте нашето гостопримство, по што и така е препознатлив нашиот град. На сите ви посакувам добро здравје, успех и убавини во вашите семејства. Се гледаме повторно, посака Бели Халити, претседател на друштвото.

Тој изрази благодарност до сите спонзори кои го поддржале одржувањето на натпреварот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Србија во временски теснец за НИС- ќе има ли решение за седум дена?

Следно

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат село Удово – Валандово

Latest from Blog

Кинески вооружени бродови влегоа во јапонските територијални води

Четири вооружени бродови на кинеската крајбрежна стража влегоа утрово во јапонските територијални води, објави јапонската крајбрежна стража. Пекинг, пак, тврди дека бродовите патролирале за да ги заштитат своите територијални права во спорните

Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот

Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа
Go toTop