На Бајден му е откриен рак на кожата, канцерогеното ткиво успешно отстрането

March 4, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Кевин О’Конор, лекарот на американскиот претседател Џо Бајден, објави дека лезијата земена со биопсија од градниот кош на претседателот минатиот месец е канцерогена, но дека не бара дополнително лекување, јавува Анадолу.

Белата куќа го објави извештајот на д-р О’Конор за резултатите од биопсијата на лезијата на градниот кош на Бајден на 16 февруари.

„Целото канцерогено ткиво е успешно отстрането“, рече О’Конор, истакнувајќи дека станува збор за вид на рак на кожата наречен карцином на базални станици. Напоменувајќи дека и подрачјето околу местото на биопсијата е третирано со електродесикација, О’Конор потврди дека нема потреба од дополнителен третман.

Доктор О’Конор истакна дека лезиите на карцином на базалните станици не се склони кон метастази.

Лекарот забележал дека овие лезии можат да растат. Наведувајќи дека местото на биопсијата зараснало, О’Конор рече дека состојбата на претседателот ќе се следи во рамките на неговите рутински прегледи.

Белата куќа на 17 февруари го сподели извештајот на доктор О’Конор со детални информации за здравјето на Бајден, кое често е на дневен ред во американската јавност, бидејќи има 80 години.

Нагласувајќи дека здравјето на Бајден е „соодветно за исполнување на неговите должности како претседател“, О’Конор истакнува дека била направена биопсија поради лезијата во градниот кош на претседателот, но дека резултатите сè уште не се достапни.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гарначо ќе дебитира за националниот тим на Аргентина

Следно

Изречени санкции за 246 возачи: Во Скопје се вози брзо, без дозвола и се поминува на црвено светло

Latest from Blog

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за соработка со цел да ја зајакнат поддршката за снабдувањето со критични суровини, од ископ на руда и преработка до производство и рециклирање. Меѓу институциите што

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

 Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“.

Евростат: Македонија со најниско ценовно ниво на храната и безалкохолните пијалаци

Храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 25,2% под просекот на Европската Унија. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, лебот и житарките, додека цените на маслата и мастите се најблиску
Go toTop